Нацрт Одлука за измена на Статутот на ММИ

Согласно чл. 47 од Статутот, се повикуваат сите членови на ММИ во рок од 3 дена од оваа објава да дадат свое мислење, предлози и сугестии во врска со Нацрт Одлуката на Управниот одбор за измена на Статутот на Организацијата објавена во прилог. Измената се однесува на промена на седиштето на Организацијата.

Предлог Одлуката, штом биде утврдена од страна на Управниот одбор, ќе биде предмет на усвојување од страна на Собранието на ММИ и тоа на седница која ќе биде закажана за 28.10.2021 година во просториите на Македонската Радио Телевизија.

Вашите мислења, предлози и сугестии испратете ги на: info@mmi.mk




Врз основа на чл. 29 ст.1 т.1.1 и чл. 47 ст.7 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата), УО на ММИ на седницата одржана на ден 15.10.2021 година ја утврди следната 

 

 

Н А Ц Р Т - О Д Л У К А 

 

 


1. СЕ УТВРДУВА Предлог измена на Статутот на ММИ која гласи:

Во членот 4 став 1 се менува и гласи:

“Седиштето на Организацијата е во Скопје, на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149“

 

2. Нацрт одлуката да се објави на вебстраницата на Организацијата и да се повикаат сите членови на ММИ во рок од 3 дена од објавувањето да дадат свое мислење, предлози и сугестии.

 

3. Оваа одлука стапува на сила со денот на донесувањето.

 

 

Управен одбор на ММИ

Претседател,

 

            ____________________

                                                       Горан Миливојевиќ