Јавен повик за давање мислење по повод нацрт измените на општите акти на ММИ


ЈАВЕН ПОВИК

за

давање мислење по повод нацрт измените на општите акти на ММИ



Управниот одбор на ММИ на седницата одржана на ден 26.12.2012 година донесе Одлука со која го усвои предлогот на Извршниот Директор за измени и дополненија на општите акти на ММИ (Статутот,Правилникот за висината на надоместоците со тарифата за висината на надоместоците и Правилник за распределба на надоместоците), поднесен по повод препораките содржани во Мислењето на Министеството за култура на РМ бр.51-14385/2 од 14.12.2012 и ги усвои нацрт измени и дополненија на општите акти.

Респективно на ова,а во согласност со статутот на ММИ, ги повикуваме сите членови на ММИ како и сите други заинтересирани лица, вклучително и корисниците на фонограми и изведби да дадат свои мислења и забелешки по повод нацрт измените на општите акти на ММИ.

Одлуките на УО со содржината на нацрт измените се објавени на веб страната на ММИ

www.mmi.mk.



Претседател на Собрание

Оливера Кондратенко