Одлука за усвојување на предлог за измени и дополненија на Статутот
Врз
основа на член 28 од Статутот на
Организацијата за колективно управување
на правата на произведувачите на
фонограми и уметниците музички изведувачи
ММИ Скопје (во понатамошниот текст:
ММИ/Организацијата), а во согласност
со член 45 од Статутот на ММИ, УО на својата
седница одржана на ден 26.12.2012 година ја
донесе следната
О
Д Л У К А
ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ
ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА СТАТУТОТ
СЕ УСВОЈУВА
предлогот на Извршниот директор за
измени и дополненија на Статутот на
Организацијата.
СЕ УСВОЈУВА нацрт
верзијата на предложените измени, КОЈА
ГЛАСИ:
Во Член 18 став 1 точка 1.3 се менува и
гласи:
“Донесува Општ акт за
определување на висината на надоместоците
за користење со Тарифа за определување
на висината на надоместоците за
користење”.
Во членот 18 став 1 точката 1.4 се менува
и гласи :
“Донесува Општ акт за
распределба на надоместоците.”
Во членот 20 став 2 втората реченица се
брише.
Во членот 41 став 3 алинеа 1 се
менува и гласи: “дел од
прибраните надоместоци за јавно
соопштување на фонограми со изведби
издадени за комерцијална цел како
единствен надоместок за произведувачите
на фонограми и уметниците музички
изведувачи, во висина до 30% и дел од
прибраните надоместоци за останатите
права за кои Организацијата има дозвола
за работа во висина до 20%, кој ќе се
издвојува за покривање на трошоците за
работењето на Организацијата.”
Оваа одлука
која има својство на Нацрт верзија на
Измени и дополнувања на Статутот да се
достави до сите членови на Организацијата
и истата да се објави на веб страната
на ММИ, и да се повикаат сите заинтересирани
лица да дадат свои предлози и сугестии.
Оваа одлука влегува
во сила со денот на донесувањето
Управен одбор,
Претседател,
Дориан Јовановиќ