Одлука за усвојување на предлог за измени и дополненија на Правилникот за распределба на надоместоци
Врз
основа на член 28 од Статутот на
Организацијата за колективно управување
на правата на произведувачите на
фонограми и уметниците музички изведувачи
ММИ Скопје (во понатамошниот текст:
ММИ/Организацијата), а во согласност
со член 45 од Статутот на ММИ, УО на својата
седница одржана на ден 26.12.2012 година ја
донесе следната
О
Д Л У К А
ЗА
УСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНИ И
ДОПОЛНЕНИЈА НА
Правилникот за распределба на
надоместоци
СЕ УСВОЈУВА
предлогот на Извршниот директор за
измени и дополненија на Правилникот
за распределба на надоместоци.
СЕ УСВОЈУВА
нацрт верзијата на предложените измени,
КОЈА ГЛАСИ:
Во Правилникот за
распределба на надоместоци на ММИ
објавен во Сл.весник на RМ
бр. 142/2012 се вршат следните измени:
Уводниот
дел на Правилникот се менува и гласи:
“Врз основа на член
18 став 1 точка 1.4 од Статутот на
Организацијата за колективно управување
на правата на произведувачите на
фонограми и уметниците музички изведувачи
“ММИ”
Скопје (во понатамошниот текст:
ММИ/Организацијата), а во согласност со
член 144 став 1 од Законот за авторското
право и сродните права (Сл.весник на РМ
бр.115/10 и 51/11), како и членот 49 став 1 од
Статутот на ММИ, Собранието на ММИ на
својата седница одржана на ден 10.11.2012
година донесе “
Оваа
одлука која има својство на Нацрт
верзија на Измени и дополнувања на
Правилникот за распределба на надоместоци
да се достави до сите членови на
Организацијата и истата да се објави
на веб страната на ММИ, и да се повикаат
сите заинтересирани лица да дадат свои
предлози и сугестии.
Оваа одлука
влегува во сила со денот на донесувањето.
Управен одбор,
Претседател,
Дориан Јовановиќ