Соопштение
По повод барањата на групацијата на националните Трговски Радиодифузни Друштва и Здружението на Приватните Медиуми во Македонија за исполнување на нивните желби да не постојат ММИ и ЗАМП за да се исклучи обврската на радиодифузерите да плаќаат за музиката која ја емитуваат во своите програми со закана дека нема да емитуваат музика, ММИ го  дава следното:


СООПШТЕНИЕ

Ова е објавување на војна со цел да се дезавуира остварување на право од интелектуална сопственост. Ако навистина опстојат на нивните закани дека во иднина ќе престанат да емитуваат мизика на нивните програми, тогаш во многу ќе ја олеснат работата на ММИ, бидејќи нема да има преговори, затоа што ќе нема предмет за преговори. Но, за жал, сето тоа ќе биде на штета на авторите, изведувачите и продуцентите.
Овој став на раководните лица од споменатите медиуми е многу штетен и за имиџот на Македонија и го одразува односот на овие медиуми кон уметноста, творештвото и воопшто културата во Република Македонија. Не постои земја во светот во која не се почитуваат авторските и сродните права. 
ММИ и ЗАМП не бараат телевизиите да „одвојуваат дел од своите средства“, туку истите се организации кои се овластени согласно законот да го наплатуваат надоместокот за  музичката содржина на програмите, како право востановено со мегународни конвенции и со македонскиот закон.  Кој не сака да плака, не мора да емитува музика. 


Срдечно

ММИ - Скопје