Повик до корисниците на музика
Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи “ММИ” Скопје во рамките на колективното управување со правата за кои има дозвола за работа, врши распределба на наплатените надоместоци за користенње музика.

Основниот принцип на распределба кој е утврден во членот 144 од ЗАПСП е принципот на користење на фонограмите што се утврдува согласно евиденциите и податоците за користење на предметите на сродните права. Респективно на ова, на ММИ и се НЕОПХОДНИ прегледите на емитувани дела, на чие доставување, а во врска остварувањето на оваа цел, обврзува членот 135 ставот 4 од ЗАПСП.

Ги повикуваме корисниците на музиката дека обврската воспоставена од јануари 2013. да и ги достават прегледите на емитувани изведби, и тоа еднаш месечно, веднаш по истекот на месецот во кој истите биле емитувани. Евиденциите, треба да бидат доставувани vo Exel формат со следната содржина: наслов на емитуваната изведба, име на изведувач/односно назив на групата, времетраење на изведбата.

Воедно, укажуваме дека согласно член 10 од Правилникот за висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби, корисник од категоријата на радиодифузери кој ќе доставува на ММИ навремено (еднаш месечно) евиденции за користење на изведби (плеј листи) има право на попуст од 3%, како и дополнителен попуст од 3% доколку евиденциите се доставуваат во формат определен од страна на ММИ. Неопочитувањето пак на оваа обврска претставува прекршок утвден во членот 182 став 3 од ЗАПСП, за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 1.000- до 1.500 Евра.

Со надеж дека ќа придонесете кон основната цел на ММИ - правилна распределба на наплатените надоместоци на носителите на правата,  дека ќе ги доставувате редовно евиденциите на емитуваните дела во Вашите програми. 

Да ја сочуваме музиката.