Одлука за наплата на надоместокот за 2013 година


Врз основа на член 18 точка 1.17 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата),а во согласност со член 134 став 1 од Законот за авторското и сродните права, Собранието на ММИ на својата седница одржана на ден 13.06.2013 година ја донесе следната

О Д Л У К А

За наплата на надоместокот за 2013 година од радиодифузерите

и останати перцепирани корисници

  1. Наплатата на надоместокот за 2013 година од корисниците радиодифузни друштва и останати перцепирани корисници согласно Тарифата за надоместоци за користење фонограми и изведби за првите шест месеци во 2013 година да се изврши во износ кој ќе претставува 30% од висината на надоместокот определен со Тарифата.

  1. За оваа Одлуката да се извести Министерството за култура на РМ во согласност со член 156 став 2 од Законот за авторското и сродните права.

  2. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Со оглед фактот дека преговорите за склучување на општи и поединечни договори со корисниците се сеуште во тек, при што согласно член 139 став 4 од ЗАПСП се применува важечката тарифа во која висината н анадоместоците е утврдена за сите носители на правата на територијата на РМ, а со оглед фактот дека ММИ досега нема склучено билатерални договори со сродни зруженија за колективно управување на правата на странските проиведувачите на фонограми и уметници музички изведувачи врз основа на кои единствено би можело да ги наплатува надоместоците за странските носители на правата, заради остварување на правата на македонските носители, се донесе одлука за првите шест месеци во 2013 година ефективно да се наплати од радиодифузните друштва и останатите перцепирани корисници износ во висина на 30% од висината на надоместоците предвидени во тарифата на ММИ, како еквивалент на застапеноста на македонската музика на радио и телевизиските програми во РМ.

Респективно нанаведеното се одлучи како во диспозитивот.



СОБРАНИЕ НА ММИ,

Претседател,

Васо Ристов