Предлог-тарифа за надоместоци за користење фонограми и изведби

ПРЕДЛОГ-ТАРИФА

ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ

НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА КОЛЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПРОИЗВЕДУВАЧИТЕ НА ФОНОГРАМИ И УМЕТНИЦИТЕ МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧИ ММИ СКОПЈЕ



НАДОМЕСТ ЗА РАДИОДИФУЗНО ЕМИТУВАЊЕ,

И КАБЕЛСКО РЕЕМИТУВАЊЕ




I. ЈАВНО РАДИОДИФУЗНО ПРЕТПРИЈАТИЕ


Тарифен бр 1


Доколку со договор не е поинаку утврдено, за користење на фонограми и изведби од страна на ЈП Македонска радиотелевизија надоместокот се плаќа месечно и тоа:


3,4 % од приходот


дефиниран во член 6 став 1 точка 2 од Правилникот (во понатамошниот текст: Приходот),

но не помалку од 140.000 бодови годишно.




II. ТРГОВСКИ РАДИО ДИФУЗНИ ДРУШТВА


Емитување и пренос на радио програмски сервис


Тарифен број 2


1. При утврдување на висината на надоместоците се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа :

а) говорни и говорно-музички радија од општ формат во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат :

-претежно образовен општ формат

-претежно информативен општ формат и

-претежно забавен општ формат.

б) говорни и говорно-музички радија од специјализиран формат ;

в) музичко-говорни и музички радија од општ формат и

г) музичко-говорни и музички радија од специјализран формат .

2. Подрачјето, односно сервисната зона на која се врши дејноста.

Доколку со договор не е поинаку утврдено, надоместокот се плаќа месечно и тоа:


Радио програмски сервиси на локално ниво


Формати на радио програмски сервиси

Процент од приходот



Говорни и говорно музички радија од

општ формат :

-образовен

1.275%

-информативен

1,488%

-забавен

1,700%

Говорни и говорно музички радија од

специјализиран формат



2,125%

Музичко-говорни и музички радија од

општ формат

2,550%

Музичко-говорни и музички радија од

специјализиран формат



2,975%


Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 20 бодови годишно.



Радио програмски сервиси на регионално ниво


Формати на радио програмски сервиси

Процент од приходот



Говорни и говорно музички радија од

општ формат :

-образовен

1,275%

-информативен

1.488%

-забавен

1,700%

Говорни и говорно музички радија од

специјализиран формат

2,125%

Музичко-говорни и музички радија од

општ формат

2,550%

Музичко-говорни и музички радија од

специјализиран формат



2,975%


Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 115 бодови годишно.


Радио програмски сервиси на државно ниво


Формати на радио програмски сервиси

Процент од приходот



Говорни и говорно музички радија од

општ формат

-образовен

1,275%

-информативен

1,488%

-забавен

1.700%

Говорни и говорно музички радија од

специјализиран формат



2,125%

Музичко-говорни И музички радија од

општ формат

2,550%

Музичко-говорни и музички радија од

специјализиран формат


2,975%


Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 1050 бодови годишно.




Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис



Тарифен бр.3


  1. При утврдување на висината на надоместоците се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа :


а) Телевизискиот програмски сервис од општ формат во зависност од медиумската функција која ја остварува може да биде:


- претежно образовен општ формат ;

- претежно информативен општ формат и

- претежно забавен општ формат.


б) Телевизиски програмски сервис од специјализиран формат.

    1. Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.




Доколку со договор не е поинаку утврдено, надоместокот се плаќа месечно и тоа:


Телевизиски програмски сервиси на локално ниво


Формати на телевизиски програмски сервиси

Процент од приходот



Општ формат :


-образовен

0,850%

-информативен

0,994%

-забавен

1,275%

Специјализиран формат

1,420%


Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 40 бодови годишно.



Телевизиски програмски сервиси на регионално ниво


Формати на телевизиски програмски сервиси

Процент од приходот



Општ формат :


-образовен

0,850%

-информативен

0,994%

-забавен

1,275%

Специјализиран формат

1,420%


Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 250 бодови годишно.



Телевизиски програмски сервиси на државно ниво


Формати на телевизиски програмски сервиси

Процент од приходот



Општ формат:


-образовен

0,850%

-информативен

0,994%

-забавен

1,275%

Специјализиран формат

1,420%


Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 11000 бодови годишно.

III. НЕПРОФИТНИ РАДИОДИФУЗНИ УСТАНОВИ



Тарифен број 4


Во согласност со чл.7 и 10 од Законот за радиодифузна дејност, образовни, културни и други установи и здруженија можат да основаат непрофитна радиодифузна установа со цел за да се задоволат потребите и инересите на специфични целни групи

Непрофитни радиодифузни установи, доколку со договор не е поинаку утврдено надоместокот го плаќаат месечно, и тоа :

-1,275 % од приходот, но не помалку од 20 бода годишно.




IV.САТЕЛИТСКО ЕМИТУВАЊЕ



Тарифен број 5


1. При утврдување на висината на надоместоците се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа :

а) Телевизискиот програмски сервис од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остварува може да биде:

-претежно образовен општ формат ;

-претежно информативен општ формат и

-претежно забавен општ формат.

б) Телевизиски програмски сервис од специјализиран формат.

Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.





Формати на телевизиски програмски сервиси

Процент од приходот



Општ формат:


-образовен

0,850%

-информативен

0,994%

-забавен

1,275%

Специјализиран формат

1,420%



Најнискиот апсолутен износ на надоместокот изнесува 150 бодови годишно.


V. ЕМИТУВАЊЕ ПРЕКУ САТЕЛИТ ПО ПАТ НА СРЕДСТВА

ЗА ДЕКОДИРАЊЕ НА СИГНАЛ (ДИРЕКТ ТО ХОМЕ ТЕХНОЛОГИЈА)



Тарифен број 6


Доколку со договор не е поинаку утврдено, надоместокот за користење на фонограми и изведби при емитување на програми преку сателит по пат на средства за декодирање на сигнал (ДИРЕКТ ТО ХОМЕ технологија) плаќаат надоместок во висина од:

-0,02 бода по декодер месечно.

Операторот е должен да достави извештај за бројот на декодери најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.





VI. КАБЕЛСКО РЕЕМИТУВАЊЕ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ

ПРОГРАМИ ВО КАБЕЛСКА МРЕЖА



  1. Тарифен број 7


Надомест за кабелско реемитување за користење на фонограми и изведби на радио и телевизиски програми во кабелска мрежа

-0,02 бода, по претплатник месечно.

Операторот на кабелска мрежа е должен да достави извештај за бројот на претплатници, до 15-ти во месецот за претходниот месец

















НАДОМЕСТ ЗА ПОВРЕМЕНО ИЛИ ПОСТОЈАНО ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ НА ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ



  1. При утврдување на висината на надоместоците за повремено или постојано соопштување на фонограми и изведби се зема капацитетот на објектот во кој се врши дејноста при што се користат фонограми и изведби, согласно површината во квадратни метри, како и времето во кое јавно се соопштуваат фонограмите и подрачјето во кое се наоѓа објектот во кој се врши дејноста.

  2. Доколку со договор не е поинаку определено надоместокот за повремено или постојано јавно соопштување фонограми и изведби и/или радиодифузно реемитување се плаќа во бодови месечно, и тоа:



VII. УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ


  1. Угостителски објекти кои дејноста ја обавуваат врз основа на лиценца


Тарифен број 8

  • Ноќни барови

  • Кабареа

  • Диско клубови

  • Диско клубови на отворен простор


Град Скопје и туристички подрачја во сезона

Површина на простор во м2

бодови

Од 0 - 100 м2

100

Од 101 - 200 м2

200

Од 201 - 400 м2

400

Од 401 - 800 м2

700

Повеќе од 800 м2

1000


Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона

Површина на простор во м2

бодови

Од 0 - 100 м2

70

Од 101 - 200 м2

140

Од 201 - 400 м2

280

Од 401 - 800 м2

490

Повеќе од 800 м2

700

Б) Угостителски објекти за исхрана и пијалоци


Тарифен број 9


  • Ресторани

  • Гостилници

  • Ресторани со самопослужување

  • Киосци

  • Млечни ресторани

  • Ресторан бавчи

  • Летни бавчи

  • Кебапчилници

  • Пицерии

  • Бистроа

  • Пивници

  • Експрес Ресторани

  • Кафеани

  • Кафетерии

  • Кафе барови



Град Скопје и туристички подрачја во сезона



Работно време

Површина на простор во м2

До 24 часот

По 24 часот

Од 0 - 30 м2

15

30

Од 31 - 100 м2

25

50

Од 101 - 200 м2

50

100

Од 201 - 400 м2

100

200

Од 401 - 800 м2

150

300

Повеќе од 800 м2

200

400



Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона



Работно време

Површина на простор во м2

До 24 часот

По 24 часот

Од 0 - 30 м2

11

23

Од 31 - 100 м2

19

38

Од 101 - 200 м2

38

75

Од 201 - 400 м2

75

150

Од 401 - 800 м2

110

220

Повеќе од 800 м2

150

300


В) Локали и објекти во кои не се служи алкохол и сите останати објекти



Тарифен број 10

  • Бурекџилници

  • Слаткарници

  • Интернет кафеа / играчници

  • Кантини

  • Детски игротеки во кои се служи храна и/или пијалок

  • Скара на кило

  • Сендвичари

  • Киосци


Град Скопје и туристички подрачја во сезона



Работно време

Површина на простор во м2

До 24 часот

По 24 часот

Од 0 - 30 м2

7

14

Од 31 - 100 м2

12

24

Од 101 - 200 м2

20

40

Од 201 - 400 м2

40

80

Повеке од 400 м2

70

140



Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона



Работно време

Површина на простор во м2

До 24 часот

По 24 часот

Од 0 - 30 м2

5

10

Од 31 - 100 м2

8

16

Од 101 - 200 м2

15

30

Од 201 - 400 м2

30

60

Повеќе од 400 м2

50

100













Тарифен број 11


Д) Угостителски објекти за сместување


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено:

  • за користење на фонограми и изведби во собите на угостителски објекти за сместување како хотели, мотели, пансиони, хотелски населби, туристички апартмани, апартмански населби, туристички резиденции, бунгалови и депанданси преку интерна телевизија од затворен тип или било кај друга телевизија или кабелска мрежа, или преку радиоприемник, месечниот надомест изнесува 3 бодови по приемник или интернет приклучок.

  • За користење на фонограми и изведби во заедничките простории на угостителските објекти за сместување (предворје, рецепции, конференциски цали, лифтови, ходници, тоалети, базени, спа центри и слично) месечниот надомест се наплаќа во зависност од категоријата на објектот и тоа

    • Угостителски објекти за сместување од петта и четврта категорија (една и две звездички) - 15 бодови

    • Угостителски објекти за сместување од трета категорија (три звездички) - 30 бодови

    • Угостителски објекти за сместување од втора категорија (четири звездички) - 60 бодови

    • Угостителски објекти за сместување од прва категорија (пет звездички) - 120 бодови

  • За користење на фонограми и изведби во комплементарни сместувачки објекти, во кои спаѓаат: ноќевалишта, гостилници, кампови, приватни сместувачки капацитети (соби, апартмани, станови, куќи), одморалишта (за деца, младинци, работници,лица со попреченост и слично), други комплементарни објекти (феријални домови, планинарски домови и куќи, објекти за привремено сместување и слично) месечниот надоместок изнесува 3.5 бодови за капацитет до 10 лица и 2 бода за секои наредни 10 лица.


















VIII. ТРГОВСКИ И ДРУГИ РАБОТНИ ПРОСТОРИИ


Тарифен број 12


1. За користење на фонограми и изведби во трговски центар, супермаркет, стоковна куќа, продавница, постојан изложбен трговски простор, деловна просторија, берберски или фризерски салон, козметички салон, салон за убавина, занаетчиски дуќани, здравствена установа, агенција, банка, бензинска пумпа, производствен погон или слично, месечниот надомест во зависност од големината на просторот изнесува:


Површина на простор во м2

Цена во бодови по м2

До 50 м2

0.2

Од 50 - 200 м2

0.1

Повеќе од 200

0.05


2. Доколку фонограмите и изведбите се употребуваат и на отворен јавен простор месечниот надомест од претходната табела се зголемува за 30 бодови.

3. За користење на фонограми и изведби на сезонски или повремени саеми дневниот надомест изнесува 10 бодови и по 2 бодови на ден за користење на фонограми на секој одделен изложбен простор (штанд).

4. За користење на фонограми и изведби во пропагандни цели со помош на возило со разглас дневниот надоместок изнесува 6 бодови



IX. ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА


Тарифен број 13


1. Ако со посебен договор не е поинаку утврдено:

  • за користење на фонограми и изведби во средства кои вршат јавен превоз автобуси, возови, бродови, месечниот надомест изнесува 3 бода по превозно средство.

  • Ако со посебен договор не е поинаку утврдено: за користење на фонограми и изведби во излетнички автобуси на туристички агенции, месечниот надомест изнесува 15 бодови по превозно средство.

  • Ако со посебен договор не е поинаку утврдено: за користење на фонограми и изведби во авиони, месечниот надомест изнесува 1,5 бодови по лет.

2. За користење на фонограми и изведби на автобуска, железничка станица,

пристанишата, аеродроми, месечниот надомест изнесува 130 бодови.


3. За користење на фонограми и изведби во такси возила, обврзник е такси здружението, а месечниот надомест по регистрирано такси возило изнесува 0.3 бодови.




X. КИНО САЛИ

Тарифен број 14


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми во кино салите пред почетокот, за време на пауза или по завршување на филмот, надоместокот изнесува 3 бода по проекција.



XI. TЕАТРИ

Тарифен број 15


Надоместокот за користење на ненарачани фонограми кои се користат во драмски сценски дела пропртано, за илустрација или се вклучени во драмското дело и за нарачани фонограми за кои изведувачите не го пренеле правото за користење на нарачателот изнесува 25 бода за секоја поединечна претстава.


1. За користење на фонограми во театри пред почетокот, во пауза или по завршување на претставата, надоместокот изнесува 3 бода по претстава.

2. Надоместокот за овој тарифен број ќе се плаќа месечно.



XII. МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ, ИЗЛОЖБИ

Тарифен број 16


За користење на фонограми и изведби во музеи, галерии, на изложби и слично со помош на разглас, екран, или слично месечниот надоместок изнесува 5 бодови.



XIII. СПОРТСКИ ПРОСТОРИ

Тарифен број 17


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми и изведби на спортски простори како: спортски сали, базени, лизгалишта, тениски игралишта, скијачки центри и слично кои користат фонограми, месечниот надоместок се одредува според капацитетот на истите, и тоа:

Број на седишта/број на посетители

Висина на месечен надоместок

0 - 100

20 бодови

101 - 500

50 бодови

501 -1500

100 бодови

1501 - 7000

300 бодови

Преку 7000

600 бодови

XIV. СТАДИОНИ


Тарифен број 18


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми и изведби пред, за време на пауза и по завршувањето на спортскиот настани, надоместок за секој настан изнесува 500 бода и истиот се плаќа во рок од 8 дена по зваршување на истиот.



XV. ЗАБАВНИ ПАРКОВИ И ЗООЛОШКИ ГРАДИНИ


Тарифен број 19


За користење на фонограми и изведби во забавен парк и зоолошка градина каде што се користи музика по механички пат месечниот надоместок изнесува 30 бодови.



XVI. АКВА ПАРКОВИ И ЕКСКЛУЗИВНИ ЗАБАВНИ ПАРКОВИ


Тарифен број 20


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми и изведби во Аква паркови и Ексклузивни забавни паркови, месечниот надоместок изнесува 500 бода месечно.



XVII. УЧИЛИШТА ЗА ТАНЦУВАЊЕ


Тарифен број 21


За користење на фонограми и изведби во училиштата за танцување месечниот надоместок изнесува 10 бодови.



XVIII. САЛОНИ ЗА ИГРА


Тарифен број 22


За користење на фонограми и изведби во салони за забава и/или игри, билијард клубови, флиперници, автомати, куглани, обложувалници и слично, кои користат музика по механички пат, доколку не пружаат угостителски услуги, месечниот надоместок изнесува 5 бодови.




XIX. КАЗИНА И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ


Тарифен број 23


За користење на фонограми и изведби во обложувалници,казина и слично,, месечниот надоместок изнесува 100 бодови.




XX. АЕРОБИК И ФИТНЕС КЛУБОВИ


Тарифен број 24


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено,за користење на фонограми и изведби во центри за аеробик и сл. активности и фитнес клубови месечниот надоместок изнесува 100 бодови.




XXI. МУЗИЧКИ АВТОМАТИ И КАРАОКЕ


Тарифен број 25


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми преку музички автомати и караоке месечниот надоместок изнесува 50 бодови.



XXII. ЈАВНИ ПАРКИНЗИ И ГАРАЖИ


Тарифен број 26


За користење на фонограми на јавни паркинзи и гаражи се плаќа месечен паушален износ во вредност од 16 бода зголемен за 0,05 бода за секое паркинг место.



XXIII. ТЕЛЕФОНСКИ УСЛУГИ

Тарифен број 27


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми преку телефон месечниот надоместок изнесува 10 бода по влезна операторска линија.

Доколку не постои посебен договор, а корисникот не и достави на ММИ потполни и вистинити податоци за остварениот приход, надоместокот ќе се пресмета во дуплиран износ од последниот месец за кои постојат податоци

Доколку се работи за нов корисник, а тој не достави податоци за остварениот приход, надоместокот ќе се пресмета во дуплиран износ од познати податоци на други корисници.


XXIV. ИНТЕРНЕТ УСЛУГИ

Симул кастинг

Тарифен број 28


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено, за користење на фонограми и изведби преку истовремено радиодифузно емитување на радио или телевизиска програма по пат на сателит и/или веб стриминг, наречено симул кастинг, надоместок на годишно ниво се утврдува во износ од 20% од висината на надоместокот кој што соодветниот радиодифузер го плаќа согласно Тарифните броеви 1, 2 и 3, пропорционално на времето на емитување на програмата по пат на сатели и/или веб стриминг.

Доколку не постои посебен договор, а корисникот не и достави на ММИ потполни и вистинити податоци за времето на емитување на програмата по пат на сателит и/или веб стриминг, надоместокот ќе се пресмета во дуплиран износ од последниот месец за коj постојат податоци.

Доколку се работи за нов корисник, а тој не достави податоци за времето на емитување на програмата преку сателит и/или веб стриминг, надоместокот ќе се пресмета како да е програмата емитувана континуирано во текот на 24 часа, во текот на целата година.



XXV. ВЕБ КАСТИНГ

Тарифен број 29


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми и изведби преку веб кастинг месечниот надоместок изнесува 0,001 бод по бројот на логирани корисници, но не помалку од 42 бода.

Доколку не постои посебен договор, а корисникот не и достави на ММИ потполни и вистинити податоци за бројот на логирани корисници во текот на еден месец, надоместокот ќе се пресмета во дупли износ од последниот месец за кои постојат податоци

Доколку се работи за нов корисник, а тој не достави соодветни податоци надоместокот ќе се пресмета во дупли износ од познати податоци на други соодветни корисници.



XXVI. РИНГ ТОНОВИ

Тарифен број 30


Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за користење на фонограми преку ринг тонови месечниот надоместок изнесува 3,4% од приходот оставарен од тие услуги према бројот на корисници, но не помалку од минималниот апсолутен износ кој изнесува 20 бода.

Доколку не постои посебен договор, а корисникот не и достави на ММИ потполни и вистинити податоци за остварениот приход, надоместокот ќе се пресмета во дупли износ од последниот месец за кои постојат податоци


Доколку се работи за нов корисник, а тој не достави податоци за остварениот приход, надоместокот ќе се пресмета во дупли износ од познати податоци на други корисници.

НАДОМЕСТ ЗА КОНЦЕРТИ И ДРУГИ МАНИФЕСТАЦИИ



XXVII. КОНЦЕРТИ И ДРУГИ ИНТЕРПРЕТАТОРСКИ ПРИРЕДБИ


Тарифен број 31


Надоместокот за настапи со музичка придружба на фонограм (плејбек), како концерти, музички фестивали, музички свечености , музички натпревари и сл. каде што најмалку еден вокал е одпеан во живо (делумен пејбек), надоместокот изнесува 3,0 % од остварениот приход.

Ако настапот е на целосен плејбек (сите изведувачи настапуваат на плејбек), надоместокот изнесува 3,4% од остварениот приход.

Минималниот надоместокот од став 1 на овој тарифен број изнесува 70 бодови, а минималниот надомест од став 2 на овој тарифен број изнесува 85 бодови.

Доколку од концертот/приредбата не се остварува приход, надоместокот ќе изнесува 3,4% од вкупните трошоци потребни за одржување на манифестацијата.

Доколку при одржување на концертот на кој не се остварува приход е користен делумен плејбек (најмалку еден од вокалите е испеан во живо) надоместокот ќе изнесува 3,0 % од вкупните трошоци з аодржување на тој концерт.

Минималниот надоместок за одржување на концерти и други манифестации на кои не се остварува приход изнесува 50 бода во случај на делумен плејбек и 70 бода во случај на целосно користење на фонограми (целосен плејбек).

Организаторот на концертот или друг вид интерпретаторска приредба е должен истата да ја пријави на ММИ најмалку 15 дена пред одржувањето на истата, и да достави податоци за остварениот приход или направените трошоци, во рок од 15 (петнаесет) дена по одржувањето на истиот. Доколку корисникот не и достави на ММИ потполни и вистинити податоци за остварениот приход,или направените трошоци, надоместокот ќе се пресмета во десеткратен износ од минималниот износ утврден за плаќање согласно овој тарифен број.



XXVIII. ЗАБАВНИ ПРИРЕДБИ


Тарифен број 32


За користење на фонограми :

а) на забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл. со наплата на влезница или друг облик на наплата надоместот изнесува 3,4% од приходот, а најмалку 15 бода, колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наплата.

б) на сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слично со наплата на влезници или друг облик на наплата, надоместот изнесува 3,4% од приходот, а најмалку 20 бода, колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наплата.


XXIX. ДРУГИ ПРИРЕДБИ


Тарифен број 33


За јавно соопштување на фонограми:


а) на танцов натпревар, ревија на мраз, кабаре, балет, свечена академија и други манифестации со наплата на влезници, надоместот изнесува 3,4% од приходот, а најмалку 40 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;


б) на модна ревија, избор на убавица, демонстрација на производи или слични манифестации со наплата на влезници, надоместот изнесува 3,4% од приходот, а најмалку 50 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;


в) на циркуска, артистичка или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 2,5% од приходот, а најмалку 50 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата.


г) на свадби, крштевки, сунет и слични приредби кои се одржуваат во простории во кои се врши угостителска дејност (ресторани, ноќни клубови и барови, диско клубови, домови на културата,саеми, музеи, шатор,дворови и сл. и надоместот по приредба изнесува 20 бода.





НАДОМЕСТ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ФОНОГРАМИ И ВИДЕОГРАМИ




XXX. ИЗНАЈМУВАЊЕ ФОНОГРАМИ И ВИДЕОГРАМИ



Тарифен број 34


Надоместокот за изнајмување на фонограми и видеограми изнесува 3,4% од вкупниот месечен приход остварен од изнајмувањето, врз основа на приложен извештај од корисникот најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, но не помалку од 20 бода месечно.


******************************************************************************




XXXI. ВРЕДНОСТ НА БОДОТ


Вредноста на бодот изнесува 50,00 денари.




XXXII. ЗАВРШНА ОДРЕДБА


Оваа тарифа стапува на сила со денот на нејзиното објавување во Службен весник на РМ.





Скопје,

22.11.2013

УПРАВЕН ОДБОР НА ММИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ


Дориан Јовановиќ