ММИ потпиша општ договор со Стопанска комора на Македонија
 Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор за обебзедување поволни услови за висината на плаќање на надоместокот за фонограми и изведби, за 2013 година и за 2014 година до стапување на сила на новиот Предлог-правилник. Општиот договор го потпишаа потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија Соња Бибановска, директор во „Македонијатурист“ АД – Скопје, и Бодан Арсовски, претседател на ММИ. 


На редовната  прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија  (7.7.2014 година) свое обраќање по основ на потпишувањето на Општиот договор имаа потпретседателот на Здружението, Соња Бибановска, која потенцираше дека овој општ договор е од исклучителна важност за  хотелите и рестораните - членки на Здружението на угостителството и туризмот при Комората, бидејќи со него се обезбедуваат исклучитечлно поволни услови и суми за плаќање на обврската за фонограми и изведби, наспроти првично предложениот правилник кој значеше големо оптоварување за хотелиерите и рестораните.

   Бодан Арсовски, како претседател на ММИ, истакна дека по две години преговори со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, постигнат е договор за плаќање повластена цена кон ММИ. Соработката со Здружението на угостителството и туризмот при Комората е дотолку позначајна, бидејќи на предлог на Здружението и интензивните преговори изминатите две години, ММИ во новиот правилник ги вгради сите забелешки на ова Здружение. Она што треба да се потенцира е фактот дека Општиот договор што денес се потпиша меѓу Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ММИ ќе важи исклучиво за фирмите-членки на Здружението, односно на Комората.