21 Јуни - Светскиот ден на музиката

Македонската Музичка Индустрија (ММИ) и Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) како организации кои колективно управуваат со правата на музичките изведувачи и автори, за првпат ќе организираат културен настан кој веќе традиционално се организира во повеќе од 400 градови низ светот, а тоа е Светскиот Ден на Музиката.
Овој празник низ светот се слави на 21 јуни со средби и со бесплатни настапи на аматерски и професионални музичари на отворени сцени, на градски улици како ина плоштади. Со разните музички приредби воедно се обележува и календарскиот почеток на летото.
На овие концерти аматерската музичка сцена се сретнува со професионалната, но и разни музички стилови: песни наменети за најмладите, рок, џез, класична музика, етно, хипхоп, диџеи и др., а посетителите танцуваат, пејат и се забавуваат.
Со оглед на фактот дека ваков тип на манифестации за првпат организираме, планираме да го организираме настанот поскромно, а во тек на наредните години да го организираме на повеќе локации и во повеќе градови како што е традиција која е воспоставена во повеќе држави, на пример, Хрватска, Италија, Ирска, Франција и други.
Годинава локацијата на градската "Школка", ќе биде место за организирање на ваква манифестација.
Планирано е настанот да трае 12 часа и тоа од 12:00 пладне до 24:00 на полноќ кој ќе биде колаж на повеќе музички стилови и правци. Ќе започнеме со музика за најмладите, а после нив следат пријатни звуци на камерни оркестри. По нив ќе настапат оркестри со изворни музички инструменти и попладнето ќе го разубават познати пејачи и изведувачи од нашето фолклорно небо. Приквечерината ќе биде резервирана за младите музички состави, а во тек на вечерта ќе настапат афирмирани изведувачи. По нив, следат перформанси на реномирани диџеј-уметници.
Програма за Светскиот ден на музиката
21.06.2015
Време |
Изведувач |
12:00-13:00 |
|
|
Поточиња |
|
Златно Славејче |
|
|
13:00-14:00 |
|
|
Гудачки квартет |
|
Џез состав |
|
|
14:00-15:00 |
|
|
Бајса изворни инструменти |
|
Чалгија саунд систем |
|
|
15:00-17:00 |
|
|
Далибор Ѓошиќ |
|
Ани Малинкова |
|
Виданка Георгиевска |
|
Блага Петреска |
|
Марјан Коцев |
|
Горан Алачки |
|
|
17:00-22:00 |
|
|
Астероид |
|
Визија |
|
Аренси бенд |
|
Игор Митровиќ |
|
Наде Талевска |
|
Александра Јанева |
|
Влатко Илиевски |
|
Мартин Мила |
|
Мијата |
|
Кристина Арнаудова |
|
Мики Џафер |
|
Принц |
|
Силви бенд |
|
Ристо Самарџиев |
|
Симона и Ерик Фокс |
|
|
22:00-00:00 |
|
|
Ерик Фокс |
|
Оливер Петковски |