Соопштение за објава на нацрт верзија на нов Правилник за распределба на надоместоците

Се известуваат членовите на организацијата и останатите носители на права кои колективно ги управува ММИ дека Управниот одбор на ММИ поведе постапка за донесување на нов Правилник за распределба на надоместоците, при што утврди Нацрт верзија на истиот. Во согласност со одредбите на Статутот на ММИ за постапката за донесување на општите акти, ја објавуваме нацрт верзијата на новиот Правилник за распределба и ги повикуваме сите членови на организацијата и сите останати носители на права да ги достават своите предлози и сугестии по однос на истиот до Управниот одбор на ММИ во рок од 30 дена од објавувањето на емаил адресата info@mmi.mk

Доставените предлози и сугестии ќе бидат разгледани од страна на Управниот одбор на ММИ при утврдувањето на Предлог верзијата на Правилникот.

Предлог верзијата на Правилникот може да ја видите на следниот линк.