Јавен повик за објава на нацрт верзија на предлог Правилник за користење и Тарифник

ЈАВЕН ПОВИК

Од Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи - ММИ Скопје

 

Ги известуваме сите корисници на фонограми и изведби дека Организацијата за колективно управување со правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје, постапувајќи во согласност со член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското и сродните права (Сл.весник на РМ бр.154 од 04.09.2015 година), пристапи кон усогласување на Правилникот и тарифата за користење со овие измени од Законот, при што ги  измени и дополни Предлог Правилникот Тарифата која е во постапка на одобрување на Владата на РМ, во верзија која беше доставена до Комисијата за посредување на 09.01.2015 година. Се повикуваат сите корисници на фонограми и изведби кои јавно соопштуваат (јавно пренесуваат, радиодифузно емитуваат, радиодифузно реемитуваат и кабелски реемитуваат) фонограми со изведби издадени за комерцијални цели и/или јавно соопштуваат изведби што самите по себе се радиодифузни или се направени од снимка, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик, да дадат свое мислење по усогласениот ПРЕДЛОГ-Правилник за утврдување на висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби  заедно со Тарифата за висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби (Тарифата) која е објавена на нашата интернет страница www.mmi.mk. Вашето мислење може да го доставите по пошта на адреса ул. Јордан Мијалков 44/2/1, Скопје или на и-меил: info@mmi.mk.


Предлог Правилник за користење

Предлог Тарифа

 

За детални информации може да се обратите нател: 02 3222397

Лице за контакт: Бодан Арсовски

За ММИ,

Претседател

Марко Коловски