Покана за седница на произведувачите на фонограми - членови на ММИ во врска избор на претставници во Собранието на ММИ

ПРЕДМЕТ:   Покана за седница на произведувачите на фонограми - членови на ММИ-Скопје  во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ-Скопје

 

            Почитувани произведувачи на фонограми членови на ММИ-Скопје,

 

            Врз основа на членовите 10, 11, 12, 13, 14 и 15 од Статутот на Организацијата за  колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, свикувам конститутивна седница на одделните видови на носители на права на ММИ-Скопје од редот на членовите произведувачи на фонограми за ден (среда) 25.05.2016 година во Џебното кино - МКЦ кеј „Димитар Влахов“ 15 во 18:00 часот.


Д н е в е н     р е д 

            1. Избор на председавач на седницата

            2. Избор на записничар на седницата

            3. Избор на комисија за спроведување на гласањето при избор на членови на Собранието на ММИ-Скопје од редот на произведувачите на фонограми - членови на ММИ-Скопје

            4. Утврдување на листа на кандидати за членови на собранието на ММИ-Скопје од редот на произведувачите на фонограми

            5. Избор на кандидати за членови на Собранието на ММИ-Скопје од редот на произведувачите на фонограми-членови на ММИ-Скопје.

            6. Прогласување на избраните кандидати за членови на Собранието од редот на произведувачите на фонограми -членови на ММИ-Скопје.

            7. Разно.

 

Скопје

11.05.2016

 

Претседател на Управниот Одбор  наММИ

 

Дориан Јовановиќ