Покана за седница на уметниците музички изведувачи-членови на ММИ-Скопје во врска избор на претставници во Собранието на ММИ-Скопје

ПРЕДМЕТ: Покана за седница на уметниците музички изведувачи-членови на ММИ-Скопје во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ-Скопје


            Почитувани уметници музички изведувачи, членови на ММИ-Скопје,

Врз основа на член 11, 12, 13, 14 и 15 од Статутот на Организацијата за колективно управувањена правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ-Скопје, свикувам седница на одделните видови носители на права на ММИ-Скопје од редот на членовите уметници музички  изведувачи за ден (четврток) 26.05.2016 година во просторот на Џебно Кино при Младинскиот Културен центар (МКЦ), Скопје, во 18:00 часот со следниот

 

Д н е в е н   р е д

 

            1. Избор на председавач на седницата

            2. Избор на записничар на седницата

           3. Избор на комисија за спроведување на гласањето при избор на членови на Собранието на ММИ-Скопје од редот на уметниците музички изведувачи членови на ММИ-Скопје

          4. Утврдување на листа на кандидати за членови на собранието на ММИ-Скопје од редот на уметниците музички изведувачи членови на ММИ-Скопје

            5. Избор на членови на Собранието на ММИ-Скопје од редот на уметниците музички изведувачи членови на ММИ со тајно гласање

       6. Прогласување на избраните кандидати за членови на Собранието од редот на уметниците музички изведувачи членови на ММИ-Скопје

 

Скопје, 11.05.2016.

 

 

Претседател на УО на ММИ-Скопје

Дориан Јовановиќ