Потпишан билатерален договор со Здружението на изведувачите од Србија



На 7.12.2017 во Белград извршниот директор на ММИ – Скопје, Бодан Арсовски во име на организацијата потпиша билатерален договор со српското Здружение за заштита на изведувачките права ПИ. На средбата покрај потпишувањето на договорот се потенцираше и потребата за соработка на двете здруженија и остварување на правата на изведувачите на двете земји како и споделувања на искуства со новите директиви на Европската унија во делот на законите за авторски и сродни права. ММИ - Скопје од српското здружение доби и неизмерна поддршка за работење на нашата организација со желба за побрзо враќање на лиценцата за да може двострано да се остварат правата на изведувачите.