ММИ на деветта регионална средба на IFPI во Белград



На 07.12.2017 година во Белград, во организација на Светската дискографска организција IFPI, се одржа деветтата по ред Регионална конференција на произведувачите на фонограми.

На конференцијата претставниците на ММИ имаа презентација за состојбата во врска со остварувањето и заштитата на правата на произведувачите на фонограми, а во тој контекст и на уметниците музички изведувачи.

Од страна на IFPI е поддржано професионалното работење на организацијата ММИ, која иако во услови на немање дозвола за работа сепак успешно продолжува со работа со минимални трошоци и со остварени неколку вонредни распределби на средства прибрани врз основа на заостанати долгови од минатите години, период за кој организацијата имаше дозвола за работа.

Разочарувачки  за  IFPI и за сродните здруженија од регионот е што во Република Македонија се уште ММИ - Скопје ја нема добиено дозволата за работа и што не е донесен новиот Закон за АПСП. Со тој Закон покрај неопходните измени за функционирање на заштитата на правата на произведувачите на фонограми ќе се инплементираат и Директивите на Европската Комисија со цел усогласување на македонското со европското законодавство во тој дел.

На конференцијата покрај претставниците на Македонија учествуваа и делегации на здруженијата од Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Албанија.

Сите организации ги изнесоа своите резултати и предизвици со кои се соочуваат и го поздравија одржувањето на вакви конференции со цел унапредување на колективната заштита во регионот.