Покана за седница на уметниците музички изведувачи - членови на ММИ во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ

ЈАВЕН ПОВИК

 

Покана за седница на уметниците музички изведувачи - членови на ММИ во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ

 

 

            Почитувани уметници музички изведувачи, членови на ММИ,

 

Врз основа на член 11, 12, 13, 14 и 15 од Статутот на Организацијата за колективно управувањена правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ, свикувам седница на одделните видови носители на права на ММИ од редот на членовите уметници музички изведувачи на ден 06.06.2018 година (среда) во Клуб на новинари, „Градски Ѕид“ блок 13, Скопје, со почеток во 17 часот.

 

Д н е в е н   р е д

 

 

            1. Избор на претседавач на седницата

 

            2. Избор на записничар на седницата

 

            3 .Избор на комисија за спроведување на гласањето при избор на членови на Собранието на ММИ од редот на уметниците музички изведувачи - членови на ММИ

 

            4. Утврдување на листа на кандидати за членови на собранието на ММИ од редот на уметниците музички изведувачи - членовина ММИ

 

            5. Избор на членови на Собранието на ММИ од редот на уметниците музички изведувачи - членови на ММИ со тајно гласање

 

            6. Прогласување на избраните кандидати за членови на Собранието од редот на уметниците музички изведувачи - членови на ММИ

 

Во Скопје,

16.05.2018 год. 

 

Претседател на Собрание на ММИ,

Авни Аљији