ММИ потпиша билатерален договор со Здружението за колективно управување на правата од Албанија - „Грамм-А“


Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ-Скопје, потпиша билатерален договор со Здружението за колективно управување на правата од Албанија - Грамм-А“.

Со потпишувањето на овој договор, двете здруженија се обврзаа да работат заедно во зацврстувањето на меѓународниот систем за заштита на правата на музичките изведувачи и произведувачи на фонограми како и  да разменуваат искуства за новите директиви на Европската унија во делот на законите за авторски и сродни права.

ММИ - Скопје од албанското Здружение „Грамм-А“ доби безрезервна поддршка за побрзо враќање на лиценцата.​