ММИ-Скопје оствари работна средба со раководството на ЈРП МРТ


Претставници на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачи на фонограми и уметници - музички изведувачи ММИ-Скопје, предводена од извршниот директор г-дин Бодан Арсовски, денеска (15.04.2019) остварија работна средба со директорот на ЈРП МРТ, г-дин Марјан Цветковски.

На состанокот во МРТ се дискутираше за надминување на спорот околу наплатата на долгот кој МРТ го има кон ММИ-Скопје, а кој се однесува за периодот 2014 и 2015 година. Двете страни изразија расположение за вонсудска разрешница на предметот, а предлогот ќе биде ставен на разгледување пред Надзорниот одбор на националниот сервис.

Очекуваме брза финализација на предложеното во полза на носителите на права.   

На работната средба покрај извршниот директор на ММИ-Скопје, г-дин Бодан Арсовски и директорот на ЈРП МРТ, г-дин Марјан Цветковски, беа присутни и Кристијан Габроски, во својство на Претседател на УО на ММИ, Воислав Стојановиќ, член на УО на ММИ, Горан Атанасов, финансиски директор на ЈРП МРТ и Елизабета Једиковска-Митревска, правник во МРТ.