ТРЕБА ЛИ ДА ПЛАТАМ ЗА МУЗИКАТА?

За корисник се смета физичко или правно лице кое при обавувањето на своето занимање или вршењето на дејноста користи фонограми, односно изведби.

  • Фонограм, во смисла на овој закон, е снимка на звуци од изведба или други звуци или звучни појави, освен на снимка вградена во аудиовизуелно дело.
  • Снимка, во смисла на овој закон, е отелотворување (запис на носач на тон) на звуци или звучни појави од што тие може да бидат восприемани, умножени или соопштени со помош на технички средства.

Тука спаѓаат јавни и трговски радиодифузни друштва, кабелско и сателитско емитување, угостителски објекти, трговски и др. работни простории, превозни средства, кина, театри, музеи итн.