Врз основа на член 28 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата), а во согласност со член 45 од Статутот на ММИ, УО на својата седница одржана на ден 26.12.2012 година ја донесе следната
О Д Л У К А
ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА
Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби со Тарифата за надоместоците за користење фонограми со изведби
- СЕ УСВОЈУВА предлогот на Извршниот директор за измени и дополненија на Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби со Тарифата за надоместоците за користење фонограми и изведбиобјавен во Сл.весник на RМ бр. 142/2012.
- СЕ УСВОЈУВА нацрт верзијата на предложените измени, КОЈА ГЛАСИ:
Во Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби, во делот на Тарифата за надоместоци за користење на фонограми и изведби се вршат следните измени:
Во уводниот дел на Правилникот по заградата во која се цитираат слежбените весници во кои е објавен Законот за авторското и сродните права се додаваат зборовите:
“и членот 46 став 1 алинеа 1 од Статутот на ММИ”
Насловот пред Тарифниот број 9 се мрнува и гласи:
Б.Угостителски објекти за исхрана
Тарифниот број 9 се менува и гласи:
Тарифен број 9
- Ресторани
- Гостилници
- Пицерии
- Пивници
- Експрес Ресторани
- Кафеани
Град Скопје и туристички подрачја во сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 15 | 30 |
Од 31 – 100 м2 | 25 | 50 |
Од 101 – 200 м2 | 50 | 100 |
Од 201 – 400 м2 | 100 | 200 |
Од 401 – 800 м2 | 150 | 300 |
Повеќе од 800 м2 | 200 | 400 |
Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 11 | 23 |
Од 31 – 100 м2 | 19 | 38 |
Од 101 – 200 м2 | 38 | 75 |
Од 201 – 400 м2 | 75 | 150 |
Од 401 – 800 м2 | 110 | 220 |
Повеќе од 800 м2 | 150 | 300 |
По Тарифниот број 9 се додава Тарифен број 9-а кој гласи:
Тарифен број 9-а
А. Угостителски објекти во кои се служат пијалоци
- Кафулиња
- Кафе Барови
Град Скопје и туристички подрачја во сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 10 | 25 |
Од 31 – 100 м2 | 20 | 40 |
Од 101 – 200 м2 | 40 | 80 |
Од 201 – 400 м2 | 80 | 150 |
Од 401 – 800 м2 | 130 | 250 |
Повеќе од 800 м2 | 150 | 350 |
Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 8 | 18 |
Од 31 – 100 м2 | 15 | 33 |
Од 101 – 200 м2 | 30 | 60 |
Од 201 – 400 м2 | 65 | 130 |
Од 401 – 800 м2 | 90 | 180 |
Повеќе од 800 м2 | 100 | 200 |
Тарифниот број 10 се менува и гласи:
Тарифен број 10
- Бурекџилници
- Слаткарници
- Интернет кафеа / играчници
- Детски игротеки во кои се служи храна и/или пијалок
- Млечни ресторани
Град Скопје и туристички подрачја во сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 7.5 | 15 |
Од 31 – 100 м2 | 12.5 | 25 |
Од 101 – 200 м2 | 25 | 50 |
Од 201 – 400 м2 | 50 | 100 |
Повеке од 400 м2 | 75 | 200 |
Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 5 | 10 |
Од 31 – 100 м2 | 9.5 | 19 |
Од 101 – 200 м2 | 19 | 37.5 |
Од 201 – 400 м2 | 37.5 | 125 |
Повеќе од 400 м2 | 55 | 110 |
Тарифниот број 11 се менува и гласи:
Тарифен број 11
- Киосци
- Скара на кило
- Сендвичари
- Семкарници (леблебиџилници)
Град Скопје и туристички подрачја во сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 5 | 10 |
Повеќе од 30 м2 | 8 | 16 |
Останати подрачја и туристички подрачја надвор од сезона
Работно време | ||
Површина на простор во м2 | До 24 часот | По 24 часот |
Од 0 – 30 м2 | 2.5 | 5 |
Повеќе од 30 м2 | 4 | 8 |
- Оваа одлука која има својство на Нацрт верзија на Измени и дополнувања на Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби со Тарифата за надоместоците за користење фонограми со изведби да се достави до сите членови на Организацијата и истата да се објави на веб страната на ММИ, и да се повикаат сите заинтересирани лица да дадат свои предлози и сугестии.
- Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Управен одбор,
Претседател,
Дориан Јовановиќ