Врз основа на член 28 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата), а во согласност со член 45 од Статутот на ММИ, УО на својата седница одржана на ден 26.12.2012 година ја донесе следната
О Д Л У К А
ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА СТАТУТОТ
- СЕ УСВОЈУВА предлогот на Извршниот директор за измени и дополненија на Статутот на Организацијата.
- СЕ УСВОЈУВА нацрт верзијата на предложените измени, КОЈА ГЛАСИ:
Во Член 18 став 1 точка 1.3 се менува и гласи:
“Донесува Општ акт за определување на висината на надоместоците за користење со Тарифа за определување на висината на надоместоците за користење”.
Во членот 18 став 1 точката 1.4 се менува и гласи :
“Донесува Општ акт за распределба на надоместоците.”
Во членот 20 став 2 втората реченица се брише.
Во членот 41 став 3 алинеа 1 се менува и гласи: “дел од прибраните надоместоци за јавно соопштување на фонограми со изведби издадени за комерцијална цел како единствен надоместок за произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, во висина до 30% и дел од прибраните надоместоци за останатите права за кои Организацијата има дозвола за работа во висина до 20%, кој ќе се издвојува за покривање на трошоците за работењето на Организацијата.”
- Оваа одлука која има својство на Нацрт верзија на Измени и дополнувања на Статутот да се достави до сите членови на Организацијата и истата да се објави на веб страната на ММИ, и да се повикаат сите заинтересирани лица да дадат свои предлози и сугестии.
- Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето
Управен одбор,
Претседател,
Дориан Јовановиќ