Врз основа на член 28 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата), а во согласност со член 45 од Статутот на ММИ, УО на својата седница одржана на ден 26.12.2012 година ја донесе следната
О Д Л У К А
ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА
Правилникот за распределба на надоместоци
- СЕ УСВОЈУВА предлогот на Извршниот директор за измени и дополненија на Правилникот за распределба на надоместоци.
- СЕ УСВОЈУВА нацрт верзијата на предложените измени, КОЈА ГЛАСИ:
Во Правилникот за распределба на надоместоци на ММИ објавен во Сл.весник на RМ бр. 142/2012 се вршат следните измени:
Уводниот дел на Правилникот се менува и гласи:
“Врз основа на член 18 став 1 точка 1.4 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи “ММИ” Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата), а во согласност со член 144 став 1 од Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.115/10 и 51/11), како и членот 49 став 1 од Статутот на ММИ, Собранието на ММИ на својата седница одржана на ден 10.11.2012 година донесе “
- Оваа одлука која има својство на Нацрт верзија на Измени и дополнувања на Правилникот за распределба на надоместоци да се достави до сите членови на Организацијата и истата да се објави на веб страната на ММИ, и да се повикаат сите заинтересирани лица да дадат свои предлози и сугестии.
- Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Управен одбор,
Претседател,
Дориан Јовановиќ