Мислење до Уставниот Суд на РМ во врска иницијативата на Хотам


Врска: У.бр.201/12

ДО УСТАВЕН СУД НА РМ

ПРЕДМЕТ: Мислење по повод Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитосата на Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби и Тарифата за надоместоците на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ објавени во Службен весик на РМ бр. 142/2012

Во врска Вашето барање за мислење со Ваш број У.бр.201/12 од 34.12.2012 година кое го примивме на ден 26.12.2012 година, а по повод Иницијативата на Здружението на хотели,ресторани и кафетерии ХОТАМ Охрид за поведување постапка за оценување на уставноста и законитосата ( во понатамошниот текст: Иницијативата) на Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби и Тарифата за надоместоците на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ ( во понатамошниот текст: ММИ) објавени во Службен весик на РМ бр. 142/2012, го истакнуваме следното: