Јавен повик за преговори

Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕГОВОРИ

СО КОРИСНИЦИТЕ КОИ ЈАВНО СООПШТУВААТ МУЗИКА

Тарифата на ММИ која е објавена во Сл. весник на РМ бр. 142 од 13.11.2012 година е општ акт на Организацијата кој истата, согласно со Законот предвидената обврска, задолжително мораше да го донесе во рок од шест месеци по добивањето на дозволата за работа. Правилникот ги содржи основите и правилата за утврдување на висината на надоместоците за ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ (фонограми со изведби издадени за комерцијална цел и изведби што самите по себе се радиодифузни или се направени од снимка, а тарифата ги содржи тарифните броеви кои се утврдени врз основа на категоријата на корисникот. ОСНОВОТ за наплата на надоместоците претставува ЈАВНОТО СООПШТУВАЊЕ МУЗИКА, што значи дека овој надоместок треба да го плаќаат само корисниците кои во рамките на обавувањето на својата дејност ЈАВНО СООПШТУВААТ музика. Законот за авторското и сродните права дефинирал што се смета за ЈАВНОСТ (достапност на авторското дело, односно на предметите на сродните права, под еднакви услови, на поголем број лица надвор од потесниот круг на роднини или лични познанства) како и ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ (јавно пренесување, радиодифузно емитување, радиодифузно реемитување и кабелско реемитување) и ЈАВНО ПРЕНЕСУВАЊЕ (јавно соопштување преку звучник, екран и кое било друго техничко средство).

Следствено за ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА на организацијата висината на надоместоците да ги утврдува ПРВЕНСТВЕНО со договор со корисникот, ММИ официjaлно го започнува процесот на преговори со сите корисници кои јавно соопштуваат музика. За таа цел, ги повикуваме СИТЕ КОРИСНИЦИ кои јавно соопштуваат музика, да се јават лично во ММИ, или преку организацијата или комората која ги застапува нивните интереси, во врска започнување на преговори за постигнување на ДОГОВОР за утврдување на висината на надоместокот за јавно соопштувањена фонограми и изведби. При утврдувањето на висината на нанадоместокот ќе бидат земени во обзир сите релевантни фактори кои ќе бидат изнесени од страна на корисникот и договорениот надоместок секако ќе биде понизок од оној утврден во Тарифата.

За подетални информации сите корисници можат да го посетат сајтот на ММИ www.mmi.mk или да се обратат на следната е-маил адреса: info@mmi.mk