Трет јавен повик за преговори

Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕГОВОРИ

СО КОРИСНИЦИТЕ КОИ ЈАВНО СООПШТУВААТ ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ

Респективно на законската обврска висината на надоместокот за јавно соопштување на фонограми издадени за комерцијална цел и изведби кои самите по себе се радиодифузни или се направени од снимка, ПРВЕНСТВЕНО да се утврдува со договор, ММИ го започна процесот на преговори со корисниците со цел постигнување на договори (општи или посебни) за утврдување на висината на надоместокот за што во повеќе наврати објави ЈАВЕН ПОВИК во дневните весници и на својата веб страна и поедничено се обрати до голем број корисници. Со некои корисници веќе се остварени првични средби, а со некои преговорите се веќе во одмината фаза и се очекува наскоро да се постигне договор.

Со оглед дека голем број на корисници сеуште немаат одговорено на иницијативата на ММИ за започнување на преговори со цел на склучување на договори (општи или посебни) за утврдување на висината на надоместокот, ги ПОВИКУВАМЕ сите субјекти кои во рамките на обавувањето на својата дејност ЈАВНО СООПШТУВААТ ФОНОГРАМИ КОИ СЕ ИЗДАДЕНИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ ЦЕЛИ И ИЗВЕДБИ КОИ САМИТЕ ПО СЕБЕ СЕ РАДИОДИФУЗНИ ИЛИ СЕ НАПРАВЕНИ ОД СНИМКА, како и здруженијата, односно коморите кои претставуваат мнозинство на одделни категории корисници, да се обратат во ММИ со цел на започнување на преговори во врска постигнување на договори (општи или посебни) за утврдување на висината на надоместокот.

При тоа, укажуваме на законската обврска утврдена во членот 139 став 3 од Законот за авторското и сродните права, согласно која ниедна договорна страна не смее да одбие преговори за општ и поединечен договор, како и на фактот дека согласно член 139 став 4 од Законот за авторското и сродните права, доколку корисникот и организацијата не склучат поединечен договор за условите и висината на надоместокот, корисникот е должен да плаќа надоместок според општиот договор,односно Тарифата. Важечката тарифа на ММИ е влезена во сила од 14.11.2012 година (Сл.весник на РМ). Воедно, би сакале да укажеме и на членот 139 став 2 од Законот за авторското и сродните права согласно кој: за ист вид и обем на користење на авторските дела и предметите на сродните права од страна на субјекти со иста или сродна дејност, во општ договор, не може да се утврдуваат повисоки износи на надоместоците за користење од оние што се утврдени во тарифата, а со поединечен договор,не може да се утврдуваат повисоки износи на надоместоци за користење од оние што се утврдени во општиот договор,односно тарифата. Респективно на ова, склучувањето на договор за утврдување на висината на надоместокот е првенствено во интерес на корисниците.

ММИ – Скопје

Тел. 071 223 641 071 223 640, е-меил адреса: info@mmi.mk, Лице за контакт: Мирче Чашуле