Европската пракса во спроведувањето на законите за авторско и сродно право

Петтата Балканска регионална конференција на Меѓународната федерација на фонограмската индустрија IFPI за авторските и сродните права, одржана на 26. септември 2013 во Александар Палас во присуство на претставниците на IFPI, дискографската компанија Universal records, советниците на Канцеларијата за авторски и сродни права од Брисел, како и претставниците на регионалните балкански организации за заштита на сродните права ги отвори прашања на легализацијата, спроведувањето и реализацијата на сродните права како суверен дел на интелектуалната сопственост на европската цивилизациска придобивка.

Конференцијата го претстави регионалните достигнувања во сферата на почитувањето на сродните права и нивните практични предизвици. Анализите на регионалниот напредок, како и извештаите по земји за 2012/2013 го покажаа дисбалансот на степенот на развитокот на практичната примена на законите за авторското и сродните права во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Македонија во споредба со останатиот развиен регион.

Приоритетите на регионот во имплементирањето на законите за авторското и сродните права се доследно применување на механизмите на законот, преку договори на организациите за колективно управување со корисниците на музиката со крајна цел – фер надоместокот за носителите на правата.

Предлог Директива на ЕУ за колективно управување на авторското право и сродните права и мултитериоторијалното лиценцирање е обврска на организациите за колективно управување и инструмент кој ќе ги доближи регионалните организациите за колективно управување до евроските цивилизациски стандарди.

* * *

“Македонија има богата музичка култура и таа заслужува место во светската култура. Но, само здрава, легална и економска средина е предуслов за проспетитет на македонската музика. Креативноста треба да биде надоместена. Единствено така странските инвестиции ќе покажат интерес за македонската музика каде музичките продуценти ќе можат да инвестираат во нови таленти, кои пак ќе се развиваат и стануваат популарни и надвор од границите на родната земја.” – Nils Bortloff, Потпретседател на Universal Music GmbH за правни и деловни работи, Германија

“Европската пракса во спроведувањето на законите за авторско и сродно право е инструмент за македонските организации за колективно управување со правата.” – Davide Battistelli, правен советник на Меѓународна федерација на фонограмската индустрија IFPI, Финска

“Улогата на организациите за колективно управување на сродните права е едноставна: да ја соберат фер компензацијата за сите видови на јавна употреба на музиката и да ги дистрибуираат на носителите на правата. – Kristina Janušauskaite, правен советник на IFPI кацеларијата во Брисел, Белгија

“Регионот напредува во областа на почитувањето на сродните права. Во Словенија, Хрватска и Србија свеста за постоењето на сродните е на високо ниво и тие веќе се етаблирани. Како што се приближуваат кон европската легислатива, сродните правва ќе бидат секојдневие и во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Македонија.” – Грегор Штиберник, директор на Завод ИПФ, Словенија

“Во Република Хрватска постои долга традиција на остварување на авторските и сродните права благодарение на соодветната законска рамка, но и задоволително ниво на општествена свест за потребата на заштита на авторските и сродните права. Телевизиските и радиостаниците речиси во апсолутен процент, уредно и редовно ги регулираат своите обврски за авторски и сродни права со колективните организации. Малите корисници (хотелите, рестораните, кафулињата и сл.) тоа го прават во помал процент (80 отсто), но и понатаму тој процент е висок, па Република Хрватска секоја година, според компаративните резултати е на самиот врв на земјите во остварувањето на споменатите права.” – Ивана Густин, директорка на ЗАПРАФ, Хрватска