Објава

Н А Ц Р Т   О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА СТАТУТОТ НА ММИ

1.СЕ УСВОЈУВААТ предлог измените и дополненијата на Статутот на ММИ, КОИ ГЛАСАТ:

  1. Во членот 8 по ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:

2) Правата од ставот 1 на овој член Организацијата ги остварува врз основа на дозвола од Министерството за култура издадена во постапка согласно ЗАПСП. “

1.2 Во членот 40 став 1 на крајот се додава нова алинеа која гласи:

– да плаќаат членарина во висина и рокови утврдени со Одлука на Собранието на ММИ. “

  1. Во членот 41 ставот 3 се менува и гласи:

“ (3) За покривање на трошоците на работењето Организацијата ќе стекнува средства од следните извори:

  • Делот од прибраните надоместоци за правата за кои Организацијата има дозвола за колективно управување во висина од 15% кој се издвојува за покривање на трошоците на работењето на Организацијата,ѓ
  • Членарина чија висина се утврдува со Одлука на Собранието на ММИ која за секоја година се донесува на редовна седница,
  • Спонзорства, донаторства, подароци и слично и
  • Други средства во согласност со важечката регулатива. “
  1. Членот 44 се менува и гласи

“Член 44

  1. Секој носител на право има право да побара исправка на пресметката на висината на надоместокот кој му припаѓа соодветно на извршената распределба, во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за истата. Барањето за исправка мора да содржи образложени причини.
  2. Извршниот директор е должен да одговори на барањето од став 1 на овој член во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот, доколку истото е доставено во пропишаниот рок и е со предвидената содржина.
  1. Доколку на носителот на правото кој поднел барање за исправка согласнос ставот 1 на овој член, истото не му е прифатено, односно исправка не е извршена, или не му е одговорено во предвидениот рок, истиот има право на Приговор до УО на ММИ.
  1. УО на ММИ е должен да одлучи по приговорот од став 3 на овој член во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на истиот.
  2. Доколку носителот на правото не е задоволен од одлуката на УО по приговорот по однос на барањето за исправка, или УО не одлучи во рокот од 30 (триесет) дена, носителот на правото има право да поведе постапка за утврдување на висината на надоместокот кој му припаѓа за соодветниот пресметковен период за кој е ивршена распределбата, пред надлежниот редовен суд. 
  1. Членот 45 од Статутот се менува и гласи:

Член 45

(1) Предлог за донесување на општ акт или измени и дополнувања на општ акт може да биде поднесен од страна на:

1. членовите на Организацијата , доколку истиот го потпишале најмалку 1/10 од вкупниот број на членови од редот на произведувачите на фонограми и 1/10 од вкупниот број на членови од редот на уметниците музички изведувачи, или

2. Извршниот директор.

(2) Предлогот се поднесува до Управниот одбор и истиот мора да содржи обраложение за причините за донесување на општиот акт или измените и дополнувањата на постоечкиот општ акт.

(3) Управниот одбор е должен да донесе Одлука по предлогот за донесување на општ акт или измени и дополненија на постоечки општ акт во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на предлогот.

(4) Управниот одбор може да донесе Одлука за донесување на општ акт или измени и дополненија на општ акт и по своја сопствена иницијатива,односно наоѓање, за што одлучува на седница.

(4) Во случај кога Управниот одбор ќе донесе Одлука со која се усвојува предлогот и се поведува постапка за донесување на општ акт или измени и дополнувања на постоечки општ акт, со Одлуката го задолжува Извршниот директор да изготви Нацрт верзија на општиот акт или измените и дополнувањата на постоечкиот општ акт.

(5) За изготвување на нацрт верзијата утврдена во претходниот став на овој член, Извршниот директор може да ангажира стручни лица.

(6) Нацрт верзијата на општиот акт или измените и дополнувањата на општиот акт се објавува на веб страната на Организацијата,при што се повикуваат сите членови на ММИ да дадат свои мислења, предлози и сугестии. Сите предлози и сугестии на членовите на Организацијата, како и предлозите и сугестиите на други заинтересирани лица ќе бидат разгледани од страна на Управниот одбор при утврдување на Предлог верзија на општиот акт.

(7) По спроведената постапка во согласност со овој член, Управниот одбор утврдува Предлог верзија на општиот акт или измените и дополнувањата на општиот акт.

(8) По нацрт верзијата на Општиот акт (Тарифата) за утврдување на висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби се спроведува постапка во согласност со ЗАПСП.

(7) На измените и дополнувањата на Статутот и Актот за основање на Организацијата согласност дава Министерството за култура.

(8) По спроведена постапка во согласност со овој Статут и ЗАПСП, Собранието го донесува општиот акт, односно измените и дополнувањата на општиот акт. 

  1. Во членот 48, по постоечкиот став1 се додаваат два нови става 2 кои гласат:

“ (2) Заради електронско евидентирање,обработка на податоци,следење и контрола над емитуваните фонограми издадени за комерцијални цели и изведби кои самите по себе се радиодифузни или се направени од снимка и креирање на Базата на податоци утврдена во ставот 1 точка 4 на овој член, Организацијата обезбедува и инсталира кај радио-телевизиските организации (радиодифузерите) систем за електронско евидентирање на емитувањето на фонограми издадени за комерцијални цели и изведби кои самите по себе се радиодифузни или се направени од снимка, по претходно добиена дозвола од Министерството за култура.

(3) Системот од ставот 2 на овој член ќе биде обезбеден во облик, содржина и технички карактеристики, како и во постапка и рокови, предвидени во ЗАПСП и соодветниот подзаконски акт. “

  1. Членот 49 се менува и гласи:

Член 49

  1. Организацијата донесува Правилник за распределба на надоместоците во согласност со ЗАПСП и овој Статут.
  2. Распределбата на прибраните надоместоците за правата за кои Организацијата има дозвола за колективно управување се врши согласно евиденциите и податоците за користење на фонограмите издадени за комерцијални цели и изведбите кои сами по себе се радиодифузни или се направени од снимка, или кога не е можно да се утврди користењето или истото би предизвикало неразумни трошоци, паушално, според принципот на правичност,.
  3. Надометсоците прибрани од радиодифузно емитување на фонограмите издадени за комерцијални цели и изведбите кои сами по себе се радиодифузни или се направени од снимка се распределуваат меѓу произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи врз основа на податоците за исплата добиени од системот за електронска евиденција на емитувани фонограмите издадени за комерцијални цели и изведби кои сами по себе се радиодифузни или се направени од снимка од членот 48 став 2 на овој Статут.
  4. Средствата на Организацијата остварени од камати на депозити во банка и други приходи се распределуваат меѓу произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го оствариле согласно податоците за користените фонограми издадени за комерцијални цели и изведбите кои самите по себе се радиодифузни или се направени од снимка согласно електронската евиденција на системот од членот 48 став на овој Сттаут, а останатите 50% од средствата кои организацијата ги остварила по овој основ се распределуваат на начин што 70% се рапсределуваат меѓу произведувачите на фонограми и уметниците музички иведувачи сразмерно на исплатата надоместокот кој тие го оствариле согласно со податоците за користените фонограми и изведби согласно електронската евиденција на системот од член 48 став 2 на овој Статут, а останатите 30% се распределуваат подеднакво на сите произведувачи на фонограми и уметници иведувачи чии фонограми и изведби се застапени во евиденцијата на носители на права на ММИ, согласно пријавите поднесени во соглансост со Правилникот за распределба.
  5. За покривање на вкупните трошоци на работењето на Организацијата, истата ќе може да користи средства од прибраните надоместоци во износ од 15%.
  6. ММИ ќе го плаќа надоместокот кој согласно евиденциите на користени фонограми и изведби согласно членот 48 став 2 на овој Статут им припаѓа на странските произведувачи на фонограми и уметници музички изведувачи во согласност со ЗАПСП, меѓународните договори, Правилникот за распределба и договорите склучени помеѓу ММИ и сродните странски организации за колективно управување на правата. ”

1.8 Во членот 51 зборовите 30Јуни се заменуваат со 31Март.

1.9 Членот 53 зборовите “Надзорниот совет” се заменуваат со зборовите ”Надзорниот одбор”.

1.10 Членот 54 се менува и гласи:

”Член 54

Заради остварување на правото на контрола и надзор, Надзорниот одбор на ММИ може да побара од Извршниот директор на ММИ да му бидат доставени:

1) годишниот извештај на Управниот одбро на ММИ за прибраните надоместоци,нивната распределба,работата на организацијата и примената на актите за надоместоците и спроведување на договорите со корисниците и со сродните странски организации, и

2) предлозите на финасискиот план и трошоците за наредната година. ”

  1. Членот 55 се менува и гласи:

”Член 55

  1. Заради остварување на правото на контрола над работењето на Организцаијата, секој член има право да побара од Извршниот директор на организацијата да му се дозволи :
  • Увид во годишниот извештај за прибраните надоместоци за претходната година,
  • Увид во ревизорскиот извештај за финасиската состојба на организацијата и работењето во смисла на усогласеноста со ЗАПСП,општите акти и склучените општи и поединечни договори за утврдување на висината на надоместоците,
  • Увид во евиденциите за користените фонограми,односно изведби добиен преку системот за електронско евидентирање на емитувани фонограми, односно изведби за соодветната радио-телевизиска организација.
  1. Барањето од став 1 на овој член се поднесува до Извршниот директор. Доколку истиот не постапи по барањето во рок од 8 (осум) дена од приемот на истото, членот на ММИ има право на приговор до Управниот одбор на ММИ. По доставениот приговор, УО е должен да одлучи во рок од 8 (осум) дена по приемот. Доколку УО оцени дека барањето е доставено во согласност со овој Статут, го задолжува Извршниот дирекор да му дозволи увид на членот во наредниот рок од 8 (осум) работни дена. ”

1.12 Членот 56 се менува и гласи:

”Член 56

  1. Организацијата за секоја календарска година во која се вршела распределба на наодместоците, во рок од шест месеци по варшувањето на календарската година :
  • Обезбедува независен ревизорски извештај за финасиската состојба на Организацијата и работењето во смисла на усогласеноста со ЗАПСП, општите акти на ММИ и склучените општи и посебни договори за утврдување на висината на надоместоците од членот 46 став1 алинеа 2 и 3 на овој Статут,
  • Доставува годишен финасиски извештај до Владата на РМ во осгласност со ЗАПСП. ”

1.13 Членот 58 се менува и гласи:

”Член 58

  1. Организацијата ќе обезбеди јавност во работењето преку објавување на својата интернет тсрана на следното:
  • Податоците за бројноста на членството,
  • Категориите на корисниците кои се должни да плаќаат надоемстоци за правата кои ММИ колективно ги управува врз основа на издадената дозвола за колективно управување,
  • Општите акти на организацијата (статутот и правилниците)
  • Склучените општи и поединечни договори,
  • Билатералните договори склучени со странски сродни организации,
  • Податоците за застапниците на организацијата,
  • Извештаите за работа и за прибраните надоместоци од користењето на фонограмите и изведбите,
  • Податоци за десетте најкористени фонограми, односно изведби,
  • Извештаите за распределба на прибраните надоместоци, наодот на ревиорскиот извештај од членот 56 на овој Статут.

Членот 73 се менува и гласи:

”Член 73

Правилникот за виисната на надоемстоците (Тарифа) и Правилникот за распределба на надоместоците ќе се донесат во постапка и рокови утврдени во ЗАПСП. ”

1.14 Членот 74 се брише.

1.15 Членот 75 станува член 74.

2. Оваа одлука да се достави до Министерството за култура на РМ со барање на согласност на измените во согласност со членот 156 став 3 од Законот за авторското и сродните права.

3. Оваа одлука влегува во сила со денот на добивањето на согласност за утврдените измени и дополнувања на Статутот утврдени со истата од Министерството за култура на РМ, по што ќе се изготви пречистен текст на Статутот на ММИ и истиот ќе се достави до Централниот регистар на РМ.

Управен одбор,

Претседател,

Дориан Јовановиќ