Врз основа на член 28 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје (во понатамошниот текст: ММИ/Организацијата),а во согласност со член 45 од Статутот на ММИ, УО на ММИ на својата седница одржана на ден __.__.2013 година ја донесе следната
О Д Л У К А
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА СТАТУТОТ
- СЕ УТВРДУВА Предлог-верзија на измени и дополнувања на Статутот на ММИ , КОЈА ГЛАСИ:
Членот 45 се менува и гласи:
Член 45
(1) Предлог за донесување на општ акт или измени и дополнувања на општ акт може да биде поднесен од страна на:
1. членовите на Организацијата , доколку истиот го потпишале најмалку 1/10 од вкупниот број на членови од редот на произведувачите на фонограми и 1/10 од вкупниот број на членови од редот на уметници музички изведувачи, или
2. Извршниот директор.
(2) Предлогот се поднесува до Управниот одбор и истиот мора да содржи обраложение за причините за донесување на општиот акт или измените и дополнувањата на постоечкиот општ акт.
(3) Управниот одбор е должен да донесе Одлука по предлогот за донесување на општ акт или измени и дополненија на постоечки општ акт во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на предлогот.
(4) Управниот одбор може да донесе Одлука за донесување на општ акт или измени и дополненија на општ акт и по своја сопствена иницијатива,односно наоѓање, за што однесува Одлука.
(4) Во случај кога Управниот одбор ќе донесе Одлука со која се усвојува предлогот и се поведува постапка за донесување на општ акт или измени и дополнувања на постоечки општ акт, со Одлуката го задолжува Извршниот директор да изготви Нацрт верзија на општиот акт или измените и дополнувањата на постоечкиот општ акт.
(5) За изготвување на нацрт верзијата утврдена во претходниот став на овој член, Извршниот директор може да ангажира стручни лица.
(6) Нацрт верзијата на општиот акт или измените и дополнувањата на општиот акт се објавува на веб страната на Организацијата,при што се повикуваат сите членови на ММИ да дадат свое мислење, предлози и сугестии. Сите предлози и сугестии на членовите на Органиацијата, како и предлозите и сугестиите на други заинтересирани лица ќе бидат разгледани од страна на Управниот одбор при утврдување на Предлог верзија на општиот акт.
(7) По спроведената постапка во согласност со овој член, и каде е предвидено со ЗАПСП, Управниот одбор утврдува Предлог верзија на општиот акт или измените и дополнувањата на општиот акт.
(8) По нацрт верзијата на Општиот акт (тарифата) за утврдување на висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби се спроведува постапка во согласност со ЗАПСП.
(7) За измените и дополнувањата на Статутот и Договорот за основање на Организацијата потребна е согласност од Министерството за култура.
(8) По спроведена постапка во согласност со овој Статут,односно ЗАПСП, Собранието донесува одлука за усвојување на општиот акт или измените и дополнувањата на општиот акт.
- Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Управен одбор,
Претседател,
Дориан Јовановиќ