Јавен повик со текст на предлог – тарифа

Во согласност со членот 30 став 2, а во врска членот 12 од Законот за изменување и дополнување на законот за авторското и сродните права (Сл.весник на РМ бр. 147/2013)

Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје

Го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
Со текст на ПРЕДЛОГ – ТАРИФА

Се повикуваат сите корисници на фонограми и изведби кои јавно соопштуваат (јавно пренесуваат, радиодифузно емитуваат, радиодифзуно реемитуваат и кабелски реемитуваат) фонограми со изведби издадени за комерцијални цели и/или јавно соопштуваат изведби што самите по себе се радиодуфузни или се направени од снимка, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик, да дадат свое мислење по Тарифата за утврдување на висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби која е објавена подолу во текстот, како и на нашата интернет страница www.mmi.mk. Вашето мислење може да го доставите по пошта на адреса Скопје, Бул.„Васил Главинов“ 3/1/1 или на е-меил: info@mmi.mk

Во согласност со член 140 став 3 од Законот за авторското и сродните права, доколку корисник за времетраењето на овој јавен повик не даде свое мислење по Предлог тарифата, ќе се смета дека е согласен со Предлог Тарифата.

За детални информации може да се обратите на тел: 071223641

За ММИ,

Претседател

Васо Ристов