На 09.10.2014 во просториите на ММИ беше одржан состанок помеѓу македонските издавачи на дискографски изданија и произведувачите на фонограми со претставник од KVZ music каде што во детали беше презентиран начинот на којшто е организирана дигиталната продажба на фонограми и снимени аудио изведби наголемите интернет платформи itunes, Amazon, и стримингот на Spotify, Deezer и други, како и монетизацијата на дела користени на Youtube. Присутните издавачии продуценти како сопственици на фонограмите и снимените изведби беа запознаени со начинот на кој целиот тој современ систем работи и како се овозможува пристапот до наплатата од прегледите на интернет.
Исто така, беше разледана иницијативата за формирање на Здружение надискографите на Македонија (ЗДМ) со цел да се заштитат интересите намакедонските издавачи, продуценти, автори и изведувачи на овие сервиси ипродлабочување на соработката.