
Македонската Музичка Индустрија (ММИ) и Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) како организации кои колективно управуваат со правата на музичките изведувачи и автори, за првпат ќе организираат културен настан кој веќе традиционално се организира во повеќе од 400 градови низ светот, а тоа е Светскиот Ден на Музиката.
Овој празник низ светот се слави на 21 јуни со средби и со бесплатни настапи на аматерски и професионални музичари на отворени сцени, на градски улици како ина плоштади. Со разните музички приредби воедно се обележува и календарскиот почеток на летото.
На овие концерти аматерската музичка сцена се сретнува со професионалната, но и разни музички стилови: песни наменети за најмладите, рок, џез, класична музика, етно, хипхоп, диџеи и др., а посетителите танцуваат, пејат и се забавуваат.
Со оглед на фактот дека ваков тип на манифестации за првпат организираме, планираме да го организираме настанот поскромно, а во тек на наредните години да го организираме на повеќе локации и во повеќе градови како што е традиција која е воспоставена во повеќе држави, на пример, Хрватска, Италија, Ирска, Франција и други.
Годинава локацијата на градската “Школка”, ќе биде место за организирање на ваква манифестација.
Планирано е настанот да трае 12 часа и тоа од 12:00 пладне до 24:00 на полноќ кој ќе биде колаж на повеќе музички стилови и правци. Ќе започнеме со музика за најмладите, а после нив следат пријатни звуци на камерни оркестри. По нив ќе настапат оркестри со изворни музички инструменти и попладнето ќе го разубават познати пејачи и изведувачи од нашето фолклорно небо. Приквечерината ќе биде резервирана за младите музички состави, а во тек на вечерта ќе настапат афирмирани изведувачи. По нив, следат перформанси на реномирани диџеј-уметници.
Програма за Светскиот ден на музиката
21.06.2015
| Време | Изведувач |
| 12:00-13:00 | |
| Поточиња | |
| Златно Славејче | |
| 13:00-14:00 | |
| Гудачки квартет | |
| Џез состав | |
| 14:00-15:00 | |
| Бајса изворни инструменти | |
| Чалгија саунд систем | |
| 15:00-17:00 | |
| Далибор Ѓошиќ | |
| Ани Малинкова | |
| Виданка Георгиевска | |
| Блага Петреска | |
| Марјан Коцев | |
| Горан Алачки | |
| 17:00-22:00 | |
| Астероид | |
| Визија | |
| Аренси бенд | |
| Игор Митровиќ | |
| Наде Талевска | |
| Александра Јанева | |
| Влатко Илиевски | |
| Мартин Мила | |
| Мијата | |
| Кристина Арнаудова | |
| Мики Џафер | |
| Принц | |
| Силви бенд | |
| Ристо Самарџиев | |
| Симона и Ерик Фокс | |
| 22:00-00:00 | |
| Ерик Фокс | |
| Оливер Петковски |