СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Во името на сите продуценти и музички изведувачи, членови на ММИ, изразуваме згрозеност од  вчера објавената вест дека Асоцијата на приватните телевизии „Сител“, „Канал 5“, „Телма“, „Алсат“ и „Алфа“ ја уценуваат Владата со цел да спречат остварување на правата на продуцентите и изведувачите, права на кои имаат право согласно закон и меѓународни конвенции.

Евидентно ова се прави со цел да се избегне исполнување на обврска за музиката што се користи во нивните програми, нешто кое е неопходно и придонесува во остварувањето на нивните приходи!!! До кога во оваа држава ќе се дозволува овие телевизии да ја злоупотребуваат својата медиумска моќ и да влијаат на постапувањето на Владата и нејзините функционери. Нашата држава е единствена во светот во која овие права не се остваруваат само поради фактот што овие телевизии сакаат да профитираат на сметка на она што треба да го плаќаат како надоместок согласно меѓународни конвенции и законот за авторското и сродните права!!!

Се поставува прашањето дали Министерот за култура и Владата повторно ќе подлегнат на ваквите видови притисоци и дали повторно политичките интереси ќе надвладеат над остварувањето на правото и правдата???!!!

                                                                                                                        ММИ-СКОПЈЕ