Покана за седница на произведувачите на фонограми – членови на ММИ во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ

ЈАВЕН ПОВИК

Покана за седница на произведувачите на фонограми – членови на ММИ во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ

            Почитувани произведувачи на фонограми – членови на ММИ,

            Врз основа на членовите 1011121314 и 15 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, свикувам седница на одделните видови на носители на права на ММИ од редот на членовите произведувачи на фонограми за ден среда, 23.06.2021 година во конгресната сала на МРТ во 12:00 часот.

Д н е в е н    р е д 

            1. Избор на претседавач на седницата

            2. Избор на записничар на седницата

            3. Избор на комисија за спроведување на гласањето при избор на членови на Собранието на ММИ од редот на произведувачите на фонограми – членови на ММИ

            4. Утврдување на листа на кандидати за членови на собранието на ММИ од редот на произведувачите на фонограми

            5. Избор на кандидати за членови на Собранието на ММИ од редот на произведувачите на фонограми – членови на ММИ

            6. Прогласување на избраните кандидати за членови на Собранието од редот на произведувачите на фонограми – членови на ММИ

            7. Разно

Во Скопје,

10.06.2021

Претседател на Собрание на ММИ

Горан Миливојевиќ