Покана за седница на уметниците музички изведувачи – членови на ММИ во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ

ЈАВЕН ПОВИК

Покана за седница на уметниците музички изведувачи – членови на ММИ во врска со избор на претставници во Собранието на ММИ

           Почитувани уметници музички изведувачи – членови на ММИ,

            Врз основа на членовите 1011121314 и 15 од Статутот на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, свикувам седница на одделните видови на носители на права на ММИ од редот на членовите уметници музички изведувачи за ден среда, 23.06.2021 година во конгресната сала на МРТ во 14:00 часот.

Д н е в е н    р е д 

            1. Избор на претседавач на седницата

            2. Избор на записничар на седницата

            3. Избор на комисија за спроведување на гласањето при избор на членови на Собранието на ММИ од редот на уметниците музички изведувачи – членови на ММИ

            4. Утврдување на листа на кандидати за членови на собранието на ММИ од редот на уметниците музички изведувачи

            5. Избор на кандидати за членови на Собранието на ММИ од редот на уметниците музички изведувачи – членови на ММИ.

            6. Прогласување на избраните кандидати за членови на Собранието од редот на уметниците музички изведувачи – членови на ММИ

            7. Разно

Во Скопје,

10.06.2021

Претседател на Собрание на ММИ

Горан Миливојевиќ