ЈАВЕН ПОВИК

Од Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје

Постапувајќи согласно членот 140 од Законот за авторското и сродните права (Сл. Весник на РМ бр.115/2010….27/2016), Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ Скопје ги повикува сите корисници на фонограми и изведби кои во рамките на обавувањето на својата дејност јавно соопштуваат (јавно пренесуваат, радиодифузно емитуваат, радиодифузно реемитуваат и кабелски реемитуваат) фонограми со изведби издадени за комерцијални цели и/или јавно соопштуваат изведби што самите по себе се радиодуфузни или се направени од снимка, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик, да дадат свое мислење по утврдениот НАЦРТ-Правилник за утврдување на висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби заедно со Тарифата за висината на надоместоците за користење на фонограми и изведби (Тарифа). Текстот на Правилникот со тарифата претставуваат составен дел на овој Јавен повик, Воедно истиот е објавен на нашата интернет страница www.mmi.mk (видете подолу). 

Вашето мислење може да го доставите по пошта на адреса ул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр. 149, влез 4, Скопје, или на е-меил: info@mmi.mk.

За подетални информации може да се обратите на тел: 070 273 818. Лице за контакт: Воjислав Стојановиќ

Јвен повик