Почитувани колеги, музичари, изведувачи и продуценти
Во овие трагични мигови кога огромна несреќа ја зави Македонија во црно, во име на ММИ и во свое лично име сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани и да им посакам, иако знам дека е просто невозможно, да соберат сила и да истраат во овие најтешки моменти. Тишината е гласна, светлината е црна. Загубата е преголема за да ја надомести. Останува вечна тага, празнина и болка длабоко во Вашите и нашите души засекогаш.
Во оваа несреќа живот го загубија Сара Пројковска, Андреј Ѓорѓиевски, Филип Стевковски, Андреј Коларов, Ѓорги Ѓорѓиев, Игор Велков и Мартин Атанасовски – Буцо, наши членови и истакнати музичари. Загубата е голема, за Вас, за нас, за Македонија.
Нека им е вечна слава.
На Панчо ДНК и на сите останати повредени Ви посакуваме брзо оздравување и се молиме за Вас.
Со почит,
ММИ и Александар Масевски
