Welcome to my page!
Почитувани,
Ве известуваме дека во наредниот период, стручната служба на ММИ, работи на ажурирање на податоците за пријавените дела во системот на ММИ. Досега, од страна на стручната служба, беа констатирани некои грешки во пријавите како и податоци кои недостасуваат во самите пријави, со цел да имаме исчистена и веродостојна база на податоци, согласно важечките правилници за пријавување на дела, Ве молиме да постапите согласно нашето барање подолу.
Во пријавите на носителите, каде се констатирани овие грешки, на меил адреса на носителот ќе биде испратен ексел документ каде ќе бидат назначени податоците кои треба да се надополнат или да се исправат грешките, и откако документот носителот ќе го ажурира, должен е да го испрати до стручната служба на ММИ во рок кој ќе биде наведен во меилот.
Новите ажурирани пријави ќе бидат внесени во базата на фонограми на ММИ.
Со креирањето на новото Web – решение, засега можноста за влез во Вашите профили нема да биде во функција, се додека не се ажурира базата на податоци.
И понатака може да се врши Регистрација на нови носители на права на следниов линк: https://mmi.mk/%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0/%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%98-%d1%81%d0%b5/
Во наредниот период регистрираните носители може да пријавуваат дела исклучиво преку ексел документ, кој се наоѓа на следниов линк: https://mmi.mk/%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%b3%d0%b8-%d1%81%d0%b2%d0%be%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%b0/
За било каква информација, Ве молиме да се обратите директно до стручната служба на ММИ, исклучиво по меил на официјалната адреса на ММИ: info@mmi.mk
Срдечен поздрав