Упатство за пријавување на фонограми

За пријавување на фонограми од објавената „Листа на емитувани фонограми“, кои не се пријавени во ММИ, согласно важечкиот Правилник за распределба на ММИ во делот: Повикување на непознатите носители на права од листата на користени фонограми/изведби  Член 21, користете го формуларот: Пријава на домашни фонограми, кој може да се симне од следниов линк: https://mmi.mk/nositeli-na-prava/prijavi-gi-svoite-dela/

Пополнетиот формулар Пријава на домашни фонограми испратете го на следниов меил: distribution@mmi.mk

Доколку по истекот на рокот од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик,  соодветните фонограми/изведби не бидат пријавени, односно носителите на правата не бидат регистрирани на начин и во постапка утврдена со овој Правилник, ММИ ќе постапи со соодветните надоместоци согласно одредбите од чл. 7 од важешкиот Правилник.

За регистрација на носители на права кои не се регистрирани во ММИ треба да се користи формуларот на следниов линк: https://mmi.mk/nositeli-na-prava/registracija/

Задолжително, во текстот на меил пораката, заедно со прикачениот пополнет формулар за пријава на домашен фонограм, треба да стои следниов текст:

„Според важечкиот Правилник во делот „Регистрација на носител на право„ – Член 8, точка 5. „ Јас, долупотпишаниот, изјавувам, под морална, материјална и кривична одговорност дека сите податоци кои се внесени во пријавата на фонограмите во прикачениот електронски документ се вистинити.“

„Во согласност со член 9 став 13 од Правилникот за распределба на надоместоци на ММИ Скопје, јас, долупотпишаниот, со овој електронски формулар потврдувам дека со него доставените податоци се целосни и точни и воедно ги овластувам стручните лица од ММИ Скопје согласно податоците од истиот да ги внесат податоците во мојата пријава во соодветната база на податоци. Овој формулар е пополнет лично од мене и истото го потврдувам преку доставување од мојата електронска адреса регистрирана во базата на ММИ Скопје.“

Име Презиме