Носители на права

ИМАМ ЛИ ПРАВО НА НАДОМЕСТ?

Целта на ММИ е колективно управување со сродните права на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи. Во контекст на Законот за авторски и сродни права:

  • Произведувач на фонограм е физичко или правно лице што презема иницијатива, организација, финансирање и одговорност за прво снимање на звуците од изведба, на други звуци или звучни појави (во натамошниот текст: фонограм).
  • Фонограм, во смисла на овој закон, е снимка на звуци од изведба или други звуци или звучни појави, освен на снимка вградена во аудиовизуелно дело.
  • Снимка, во смисла на овој закон, е отелотворување (запис на носач на тон) на звуци или звучни појави од што тие може да бидат восприемани, умножени или соопштени со помош на технички средства.
  • Уметници – изведувачи, во смисла на овој закон, се артисти, пеачи, музичари, балетски уметници и други лица кои со игра, песна, танц, говорење, рецитирање или на друг начин, изведуваат книжевни или уметнички дела или дела од народното творештво (во натамошниот текст: изведувачи).
  • Како изведувачи, во смисла на овој закон, се сметаат и режисери на сценски дела, диригенти на оркестри и хорови, обликувачи (мајстори) на тон или на тонска снимка.