За ММИ

ШТО Е ММИ?

ММИ (МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ИНДУСТРИЈА) како здружение на граѓани е формирано уште во 1998-та година со цел колективно да ги остварува правата на фонограмските продуценти. Во наредните години интензивно работеше на информирањето на носителите на правата за комплетирањето на членството, како и на информирање на корисниците и воопшто македонската јавност.

Од Министерството за култура на Република Македонија во 2003-та ММИ ја доби привремената лиценца и со тоа за првпат се отвори можноста за практично колективно остварување на правата ан фонограмските продуценти, изведувачи и останати носители на права во Р.Македонија, како и на правата на странските носители на права. Мораме да напоменеме дека во таа година Република Македонија со овој чин беше прва во регионот која ја го имаше регулирано ова право. Првичните реакции од страна на корисниците беа жестоки и вогалвно поради неинформираноста и незапознаетоста со самиот Закон за авторски и сродни права. Наредната година привремената дозвола не беше продолжена и со тоа ММИ прекина со своите активности чекајки го усогласувањето со европските регулативи.

Во 2010-та се донесе новиот Закон за авторските и сродните права (ЗАСП) и со тоа се отвори можноста за аплицирање пред соодветното Министерство за добивање на дозвола за колективно управување со правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи од страна на организација основана од носителите на правата.

По поднесено барање од страна на ММИ, сега основано од произведувачи на фонограми и уметници музички изведувачи, Министерството за култура на РМ донесе Решение бр. 54–5231/2 од 10.05.2012 година со кое издаде дозвола за колективно управување на сродните права на произведувачи на фонограми и уметници музички изведувачи. Со тоа ММИ стекна легитимитет за колективно управување со содветните права.