Организација за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи – ММИ Скопје е најстара организација за колективно управување на сродните права. ММИ (МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ИНДУСТРИЈА) како здружение на граѓани е формирано уште во 1998-та година со цел колективно да ги остварува правата на фонограмските продуценти. Од 2003 беше формирана денешната организација каде покрај остварувањето на правата на фонограмските продуценти беа вклучени и уметниците музички изведувачи. Во изминативе години ММИ интензивно работеше на информирањето на носителите на правата.
Од своето основање до денес, ММИ во својата база има вкупен број на 776 регистрирани носители на права, со цел остварување на правата на фонограмските продуценти и музички изведувачи носители на права, како и на правата на странските носители на права преку свои застапници.
Вкупниот број на носители е сочинуваат неколку категории на носители:
- Уметници музички изведувачи физички лица – 485 носители
- Уметници музички изведувачи правни лица лица – 13 носители
- Произведувачи на фонограми физички лица – 236 носители
- Произведувачи на фонограми физички лица – 42 носители